Викендов во Охрид престојуваат неколку ИПА полициски делегации од земји членки на Меѓународната полициска аоцијација ИПА. Тие се гости на македонската ИПА асоцијација, како и на ИПА регионот – Охрид, во чија организација тие ќе ги разгледаат културно историските знаменитости на градот.

Инаку, денес во просториите на Центарот за обука на МВР во Идризово се одржи првото Генерално годишно собрание на македонската секција на ИПА  формирана минатата година, на кое присуствуваа и претставници на секциите на ова здружение од Хрватска Грција, Турција и Србија.

ИПА е асоцијација во која што во моментов членуваат 64 национални секции на вработени во полициите како и пензионирани полицајци и како здружение кое опстојува повеќе децении има за цел охрабрување на професионалната полициска соработка и лично пријателство меѓу своите членови, со меѓусебно почитување и поддршка меѓу членовите и нивните семејства и соработка со други организации и поединци чии активности придонесуваат кон духовниот, културниот, општествениот и професионалниот развој на членовите во согласност со ИПА принципите.

OhridNews