Како резултат на повеќегодишната соработка со инвалидите на трудот oд пограничните градови Поградец, Корча и Пешкопеја, а на покана на Здружението на инвалиди на Албанија, на V Конгрес на инвалидите на трудот на Република Албанија што се одржа на 5 и 6 октомври, присуствуваа делегации од здруженијата на инвалиди на трудот од Охрид, Струга, Дебар и Тетово.
Тричлената делегација од Охрид ја предводеше претседателот на општинското Здружение на инвалиди на трудот Благоја Крстаноски.
Гостите од Македонија оствариле средба со реизбраниот претседател на Здружението на инвалиди на трудот на Албанија Абдула Омури, на која станало збор за продлабочување на соработката на здруженијата на инвалиди на трудот од пограничниот регион.