Во петок од 18 часот во просториите на ОУ „Христо Узунов“, претставници од локалната самоуправа ќе остварат средба со граѓаните од Урбана заедница 10 „Горна Влашка Мала“.
„Ги покануваме граѓаните од урбаната заедница, преку отворен контакт со градоначалникот на Охрид и со другите гости од локалната самоуправа, да ги искажат своите гледишта, и преку прашања и идеи да ја направиме „Горна Влашка Мала“ уште поубаво и побезбедно место за живеење на нашите деца, родители, баби и дедовци и на сите жители на нашата урбана заедница.“ – информираат од УЗ 10 „Горна Влашка Мала“.
Инаку, на средбата покрај градоначалникот Бакрачески, ќе присуствуваат секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески, директори на охридските јавни претпријатија, советничката од УЗ 10 „Горна Влашка Мала“ Јадранка Василеска Здравеска, претставници од Фондот за комунален развој и Секторот за урбанизам.
OhridNews