Дел од организаторите на  културната манифестација „Денови на Св. Кирил и Методиј”  која по традиција се одржува во градот Терхова  во Република Словачка, вчера ја посетија општина Охрид.

Стојан Лекоски кој е организатор на оваа манифестација изрази огромна благодарност до општина Охрид, за вредните икони од Св. Климент и Св. Наум што и биле подарени на Терхова по повод  „Деновите на Св. Кирил и Методиј“.

Заменик градоначалникот Ангел Јанев истакна дека пријателските односи и културната соработка помеѓу двата града  македонскиот  Охрид  и  словачкиот Терхова ќе продолжат и во иднина.  

OhridNews