Ротаракт Клубот Охрид,  претставуван од претседателот м-р Здравески Драги и претставникот на бордот Палмер Стефан,во рамки на својот ангажман кој ова лето го имаат во Осло, Норвешка и останатите скандинавски земји, се сретнаа со Амбасадорот на Република Македонија во Кралството Норвешка,  Енвер Абдулахи и шефот на интернационалната канцеларија на Агенцијата за странски инвестиции на РМ во Норвешка, Катерина Димовска.

Членовите на Ротаракт Клубот Охрид заедно со своите пријатели, претставниците од Република Србија, Косово, Босна и Херцеговина, Бугарија и Хрватска, од страна на Амбасадорот и шефот на канцеларијата за странски инвестиции, во духот на македонското гостопримство беа топло и срдечно примени во Македонската Амбасада во Осло, каде се разговараше за мисијата на Амбасадата, економските активности, работата на Ротаракт Клубот, меѓународните односи и релации, балканскатаи регионална стратешка соработка и уште за многу теми кои се од интерес за регионот.

– Република Македонија со помош на нашата Амбасада и поддршка од Амбасадорот Енвер Абдулахи и Катерина Димовска од канцеларијата за странски инвестиции, преку Ротаракт Клубот и останатите претставници од Македонија, Драгица Јованова и Наташа Сердаревиќ, преку храна,  промотивни туристички, економски и дипломатски материјали беше претставена и на “Интернационалната вечер на културите”, манифестација која во Норвешка се одржувасекое лето во рамки на интернационалните активности на “Осло Универзитетот”, информираат од Ротаракт клубот.

На забавата организирана по повод оваа манифестација, по иницијатива на претседателот и претставникот на бордот на Ротаракт Клубот Охрид, присутните гости од над 90 различни земји од светот, имале можност да слушаат и се забавуваат со македонската музика од “Синтезис” и Тоше Проески.

OhridNews