Денеска ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Предпладне во северните и западните делови од земјата ќе има слаб локален дожд, на планините со слаб снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, што ќе услови намалување на дневната температура, а воздушниот притисок нагло ќе порасне за околу 10 мерни единици. Попладне облачноста ќе се намали. Максималната дневна температура во Охрид ќе достигне до 7 степени Целзиусови, информираат од УХМР Македонија.

Сончево до умерено облачно време ќе преовладува и во наредните три дена. Утрата ќе бидат студени (-5 до 2), а максималната дневна температура ќе достигне до 9 степени во понеделник, до 13 во вторник, а во среда до 15 степени Целзиусови.

OhridNews