
- На овој начин, на сите граѓани ќе им посакаме здравје, лична среќа, деловен успех и се најдобро во годината што следува. – истакнаа од Охридската полиција.
Во текот на новогодишната ноќ, полициски службеници ќе бидат поставени на градскиот плоштад и приградските населени места, а сообраќајната полиција, ќе врши контрола на сообраќајот на целото подрачје.
- Целта е да се зголеми степенот на безбедност во градот, а граѓаните и туриститете да се чуствуваат безбедно и сигурно во Охрид. Истовремено, укажуваме на неопходноста од воздржување на употреба на петарди и други нелегални пиротехнички средства за време на новогодишната прослава. Апелираме до сите возачи да не управуваат моторни возила под дејство на алкохол и да ги почитуваат сообраќајните прописи. – укажува СВР Охрид.
ОhridNews














