Опасностите од пожари, состојбите со дивите депонии како и проблемот со илегалното преминување на државната граница и прекуграничен криминал, ќе бидат на дневен ред на вториот состанок помеѓу претствниците на Секторот за внатрешни работи Охрид и Оделението за превенција и претседателите на Месните заедници кои го опфаќаат подрачјето од населбата Рача до селото Љубаништа. Средбата, на која се поканети и советодавните групи на граѓани од овие подрачја, ке се одржи денеска со почеток во 19.30 часот во основното училиште „Св.Наум Охридски“ во Пештани.
На состанокот, ќе бидат разгледани и предлог мерките поврзани со зачестената продажба на алкохол на малолетници, надминување на проблемите со нарушувањето на јавниот ред и мир и бучававата во текот на летната туристичка сезона.
Свои излагања ќе имаат, претставници од Секторот за внатрешни работи од Охрид, од мисијата на ОБСЕ во РМ, од националниот парк „Галичица“, Шумската полиција, Дирекцијата за заштита и спасување, Ре- публичкиот центар за справување со кризи, Граничната полиција, Територијалната противпожарна служба и од Локалната самоуправа. На присутните ке им бидат поделени едукативни флаери и друг пропаганден материјал со корисни совети и упатства.
Постарите Охриѓани паметат дека најава за доаѓањето на пролетта е процветувањето на бајамите (бадемите), засадени во стариот дел на градот и во Горица Вообичаено ова се случува на средината на март...
Денеска ќе преовладува променливо облачно време, претпладне ќе има повремени локални врнежи од дожд, а на планините на северозапад врнежи од снег Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен праве...
Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека во тек е опсежна акција, во рамки на која е запленета голема количина на марихуана Посочуваат дека во правно лице во Скопје пронајдени ...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.