Иако изминативе неколку недели во Охрид се изврши запрашување против комарци, сепак граѓанте реагираат дека бројот на овие инсекти е прилично голем во овој период од годината. Од Центарот за јавно здравје  напоменуваат дека за заштита од убодите од овој инстект, потребно е да се преземат  превенетивни мерки кои треба да се почитуваат во текот на летото.

Д-р Јованка Стурлакова – Коровешовска, специјалист по епидемологоија при Центарот за јавно здравје – Охрид, вели дека меѓу мерките за заштита спаѓаат носењето соодветна облека која остава помалку откриени делови од телото и примена на различни лосиони и стикови.

За заштита од каснување од комарец, треба да се применуваат средства или репеленти во облик на лосион, стик, аеросол-спреј или крем за кожа и облека, кои ги одбиваат комарците. Ако комарецот не се нахрани со крв, тој не може да ги положи своите ларви.“ – вели д-р Стурлакова Коровешовска.

Користењето миризиливите свеќи претставува ефективен начин за заштита од комарците во надворешни услови, кога има минимално струење на воздухот. Како што напоменува д-р Стурлакова Коровешовска, докололку постојат услови, добро е да се постават заштини мрежи на вратите и прозорците во домовите на граѓаните.

Одбегнувајте излегување и престој надвор во зори, кога комарците се најактивни. Така  делумно ќе се заштите од можните убоди од овие инсекти. За да спречи нивното размножување, не оставајте отворени буриња, канти, пловни објекти и стари гуми по дворовите, во кои може да се собере дождовницата. Редовно чистете ги олуците за да се овозможи истекување на водата. Не создавајте бари или застоени води по дворовите. На некои видови комарци доволна им е една капка вода за да можат да се размножат.“ – додава д-р Стурлакова Коровешовска.

Инаку, болести кои се пренесуваат со убод од комарец, а кои ова лето не се регистрирани во земјава се Маларија, Чикунгунија, Западно-нилска треска, Денга и денга хеморагична треска, како и некои вирусни енцефалити(Западно-коњски, Источно-коњски, Сент Луис енцефалит).

O.T.