Сите детски игралишта на подрачјето на Општина Охрид од денеска ќе бидат времено затворени и нема да може да се користат, информира локалната самоуправа.

Оваа мерка е преземена согласно препораките за заштита од ширењето на Корона вирусот КОВИД 19. Претходно, согласно истите препораки беше извршена целосна дезинфекција на игралиштата. – соопшти општината,

Градските власти апелираат до граѓаните да ја почитуваат оваа мерка и да избегнуваат непотребни групирања и на други отворени локации.

Како што веќе информиравме, од утринава ЈП „Охридски Комуналец“, врши дезинфекција на јавните површни низ градот. Со средство за дезинфекција се изврши миење на улиците низ целиот град, градскиот кеј, пешачките патеки, просторот во и околу болничкиот комплекс и сите фреквентни локации во градот.

Дополнително се изврши дезинфекција во околните охридски села. Ваквата активност ќе продолжи и во наредниот период, информира локалната самоуправа.

OhridNews