Женски Центар ,,Бисера”  во Соработка со СВР- Охрид Економското училиште одржаа работилница на тема ,,Превенција од Семејно насилство”.

 
Целна група беа уцениците од  втора година, а предавачи беа  Тони Филипов,  виш инспектор за превенција и Живорад Савиќ, раководител на одделот за превенција при СВР- Охрид, а на работилницата присуствуваа и претставници од ОБСЕ.

Како што информираат од „Бисера“, предавањето предизвикало голем интерес кај учесниците, кои активно се вклучиле во дискусијата изнесувајќи бројни примери од нивното опкружување.

OhridNews