Инфо сесијата за стартап фирми која требаше да се одржи во петок (19ти мај) во просториите на Акцелераторот за сина економија при Универзитет за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле” е презакажана за 8ми јуни со почеток во 11 часот.
Целта е презентација на тековниот отворен повик за финансирање на компании кои нудат одржливи решенија во областа на зелената и сината технологија.
Повикот нуди можност за аплицирање за грант во висина од 50.000 евра, како и приспособено деловно советување, изложеност на инвеститорите и ментори, и пристап до модерен простор за оние кои се квалификуваат. Присутните ќе имаат можност да се запознаат со критериумите за учество во акцелераторот, како и да ги постават своите прашања дирекно до организаторите на грантовата шема, велат организаторите.
Додаваат дека на настанот се добредојдени сите компании со седиште во Југозападниот регион на кои примарната дејност е во секторите на одржлив развој, производство и логистика, туризам и агрикултура, како и информатичка и комуникациска технологија.
Повеќе информации за отворениот повик можете да најдете на следниот ЛИНК.
Инаку, Акцелераторот за сина економија Охрид го имплементира Prime Blue Institute од Охрид во партнерство со Универзитетот за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле“ -Охрид, Македонија.
Програмата е поддржана од проектот #eu4eg, кофинансиран од Делегацијата на Европската Унија (ЕУ) и германското Сојузно Министерство за економски прашања и климатски активности (BMWK). Проектот е имплементиран од ГИЗ во партнерство со АСП и поддржан од БМВК и Централноевропската иницијатива (ЦЕИ) како соработници.
OhridNews












