Манифестацијата „Денови на медот“ која првично беше предвидено да се одржи од 13 до 16 август, по барање на Пчеларското здружение „Охрид“ се презакажува и истата ќе се одржи од 4 до 7 август.
На оваа манифестација, традиционално, се промовираат медот и производите од мед, а истовремено, охриѓани и гостите имаат можност да вкусат мед од различни производители.
Сите заинтересирани за учество на манифестацијата „Денови на медот“ може да се пријават на во просториите на Секторот за туризам и Лер, е-mail: [email protected] или на телефонскиот број 046 230 175.
OhridNews












