Во петок на 21.06.2019 година со почеток во 14:00 часот во малата сала на Општина Охрид ќе се одржи Презентација на европски фондови и програми.

Посебен акцент во рамки на презентацијата ќе биде ставен на Програмата ИПАРД II за периодот 2014–2020–Мерка „Диверзификација на фармите и развој на бизниси”–Како да подготвите успешен проект–основни правила и упатства.

Презентер ќе биде Веселин Халачев–Претседател на ОБК, член на бордот на директори на Европската Алијанса на мал бизнис (ESBA) од Брисел, со ресор „Европски програми и европски фондови”.

Организаторите на презентацијата упатуваат покана до сите државни институции, граѓански здруженија, културни и спортски организации, земјоделци и претставници на бизнис секторот, да земат учество на овој настан.

OhridNews