Утре, 19 јули, во организација на Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП), во просториите на Месната заедница во Долно Лакочереј со почеток во 20 часот, ќе се одржи информативна средба за земјоделците.

На средбата ќе стане збор за предностите од здружување во земјоделски задруги како и за можностите за финансиска и техничка поддршка на земјоделските задруги. Претставници на земјоделски задруги од Република Србија ќе ги презентираат нивните успешни примери.

Информативните средби се дел од проектот: „Поддршка за развој на земјоделските задруги во Македонија”, финансиран од Европската Унија.

Целта на проектот е зголемување на пазарната конкурентност и соработката меѓу земјоделците, преку создавање поволни услови за развој на постојните и создавање на нови земјоделски задруги.

OhridNews