Во Оперативниот и тренинг центар на Планинската спасителна служба во Охрид денеска ќе бидат презентирани резултатите од проектот „Нови можности за безбеден зимски авантуристички туризам“.
Во текот на овој проект беа реализирани бројни инфраструктурни активности за развој на авантуристичкиот туризам, како и активности за подобрување на капацитетите на тимовите за спасување во прекуграничниот регион, информираат од проектниот тим.
Проектот го реализираше Црвен крст Охрид во партнерство со општините Дебрца и Грамш и алпинистичкиот клуб „Патагонија“, со финансиска поддршка од Европската унија преку програмата за прекугранична соработка со Албанија.
OhridNews












