Презентација на резултатите од загадувањето на воздухот во општините – Куманово, Гостивар, Струмица, Кавадарци и Струга
14.10.24 09:27
Во рамки на проектот „Справување со загадувањето на воздухот“, којшто го спроведува УНДП во партнерство со Министерство за животна средина и просторно планирање, денеска, во хотел Александар Палас ќе се презентираат резултати од загадувањето на воздухот во пет општини – Куманово, Гостивар, Струмица, Кавадарци и Струга.
Како што информираат од Министерството за животна средина и просторно планирање, настанот ќе го отвори првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити и постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации, Армен Григорјан, додека резултатите од истражувањето ќе ги сподели ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“, проф. Дејан Мираковски.
Проектот е дел од Рамковната програма на УНДП, којашто е финансирана од Шведска, а го вклучува и проектот „Јакнење на општинските капацитет за имплементација на проекти“.
ГРК Охрид одигра нерешено 28:28 во дерби натпреварот од 1 коло на Супер лигата со Еурофарм Пелистер Во неизвесен натпревар и уште понеизвесен финиш мечот во полната сала “Билјанини извориR...
Четири медали освоија натпреварувачите на Карате клуб „Кун-су-то“ од Охрид на Купот на Македонија за кадети, јуниори и У21, што викендов во организација на Карате федерацијата на Македонија се одрж...
Галерискиот простор на Куќата на Уранија – МАНУ синоќа беше претесен за бројните почитувачи на уметноста на Јордан Манасијески, колеги уметници од земјава и странство, пријатели и гости кои дојдоа ...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.