Културниот центар „Волски” со седиште во Варшава и НУЦК „Григор Прличев”- Охрид го организираат меѓународниот проект Пар-Непар, финансиран од Министерството за култура од Полска и националното наследство како дел од програмата на Националниот центар за култура „СИНЕРГИИ”.

Настанот е посветен на промоција и презентација на македонската традиција, музика и културно наследство. Сите посетители ќе имаат можност да уживаат во богата програма и традиционални македонски звуци, информираат од НУЦК „Григор Прличев” од Охрид.
Проектот ќе се реализира од 24-28 септември 2026 година во Варшава, Полска.
OhridNews










