Во основното училиште „ Григор Прличев“ се одржа работилница за презентација на дигитални сликовници и активности, која е дел од проект на УСАИД „Со читање до лидерство“, а во соработка со Фондација за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“.

Целта на работилницата е да се презентираат околу дваесеттина дигитални сликовници кои можат да се користат во наставата по повеќе предмети, особено во одделенска настава. Како да се користат дигиталните сликовници, кои покрај илустрации и текст имаат и аудио запис. Со користењето на сликовниците може значително да се збогатат одредени наставни единици.

OhridNews