Во струшкото средно училиште “ Нико Нестор”, попладнево, ќе се изврши презентација на медицински стипендии наменети за Роми кои сакаат да го продолжат високото образование на Медицинскиот или Стоматолошкиот факултет во Скопје. Стипендиите се наменети и за основците кои сакаат во новата учебна година да се запишат во средното медицинско училиште.

Презентацијата е дел од проектот за поголема интеграција на Ромите во општеството и целта е што поголем број од нив да го продолжат своето образование.

Стипендиите се финансирани со странски средства, а заинтересираните ќе може да аплицираат преку интернет. 

Презентацијата ќе започне во 12 часот.

OhridNews