Општина Охрид и Ј.П.”Охридски Комуналец”, во среда, 19- ти септември,  ќе извршат презентација на Проектот “ОХРИД- град без комунален отпад”.

– Целта е да ги запознаеме заинтересираните граѓани, еколошки друштва и невладини организации со новото технолошко решение со кое мешаниот отпад се трансформира во компост- суровина- енергија, велат од јавното претпријатие.

Презентацијата ќе се изврши во големата сала на општинската зграда со почеток во 12 часот.  

OhridNews