Здружението Мултилингвална и мултикултурна хармонијаво парнерство со катедрата за комуникации и маркетинг на универзитетот Поинт Парк во Питзбург, Пенсилванија, вечерва во хотел Инекс организира финален настан со презентација на проектот: „Интегриран маркетинг комуникациски (ИМК- ИМЦ) план за промоција на Охридско-струшкиот регион наменет за американски пазар“.

Целта на проектот е да се промовира Охридско-Струшкиот регион на американски пазар.  Планот е наменет за таргет групата “бејби бум генерација” од САД. На презентацијата ќе биде најавен планот кој ги содржи клучните наодии препораки кои се резултат на од двомесечната теренска работа на тимот “Шест Пионери” под менторство на проф. д-р Јохан Ејсел и проф. Стефан Гребински, како и препораки за имплементација на планот.Исто така, презентерите ќе го поделат своето искуство од оваа уникатна едукативна размена и плановите за понатамошната соработка со Универзитетот Поинт Парк.

На учесниците ќе им се обрати проф. д-р. Хедер Фидлер Стар, шеф на катедрата за маркетинг и комуникации при универзитетот Поинт Парк во Питсбург, Пенсилванија и професорот д-р Јохан Ејсел, ментор на проектот.Воедно ќе бидат доделени наградите за најдобра фотографија од изложбата која беше поставена на 19- ти јули во големата галерија на Центарот за култура “Григор Прличев” во Охрид, а организирана од катедрата за фотографија при Универзитетот Поинт Парк, во соработка со невладината организација ММХ. 

Проектот е дел од активноститена невладината организација Мултилингвална и мултикултурна хармонија за економски развој преку едукативна и културна размена со Америка, а поддржан е од Поинт Парк Универзитетот, проектот на УСАИД за граѓанско општество, спроведуван од Фондацијата Отворено општество – Македонија, Ротари клубот на Охрид, Ротаракт Клубот, Хотел Горица, Македонска Мисија за Хуманост и др.

OhridNews