Во рамките на овогодинешниот Саем Денови на образованието и кариера  Локалната агенција за развој- Струга ќе изврши презентација на тема : Како Локалната Агенција за Развој го промовира лидерството и демократските вредности во Струга – конкретни искуства!

Презентацијата ќе се одржи во Скопски Саем, денес, од страна на  Катерина Василеска – програмски координатор на ЛАР Струга.

По презентацијата предвидени се средби на кои со претставници од граѓанскиот сектор во Македонија ќе се разговара за можни заеднички проекти, партнерства и можности кои ги нуди агенцијата на различни целни групи.

OhridNews