Утре во хотелот „ Белведере“ со почеток во 10 часот, ќе се оддржи презентација на остварените резултати на општина Охрид во проектот „СУСТКУЛТ – Достигнување одржливост преку интегрирано управување со местата на културно наследство “.
Проектот го имплементира Секторот за туризам и локален економски развој при општина Охрид, заедно со уште 12 институции од Романија, Унгарија, Албанија, Грција и Словенија, а носител е градот Венеција од Италија, а истиот е во завршна фаза на имплементација, финансиран од програма за Југоисточна Европа на Европска Унија .
Презентацијата ќе се однесува на главните активности и реазултати од проектот, како што се креираната и објавена ВЕБ- ГИС платформа , методологијата за планови за управување со културно наследство, тренинг обуки за подигнување на човечки капацитети во делот на планови за управување со културно наследство, изработка на план за управување на општина Охрид во делот на светското културно и природно наследство, како и изработка на бизнис план и маркетинг стратегија за управување со локалитетот „ Заливот на коските“ .
На презентацијата ќе бидат присутни и 20 претставници од сите земји партнери на проектот, со кои воедно ќе биде оддржан дводневен состанок за финализирање на активностите што ќе се одржи на 13 и 14 Фебруари.
OhridNews