Во изминатиот месец, вакви презентации беа одржани низ повеќе градови ширум Финска, кои финализираа со синоќешната презентација во Александар Театар во Хелсинки на која присуствуваа голем број на гости и претставници од финските медиуми. Патронот на манифестацијата, Амбасадорот Кире Илиоски им се заблагодари на претставниците на најголемиот фински тур оператор Ауринкоматкат и од авио- компанијата Финаир за успешно реализираните десет чартер летови во текот на 2011 година, со кои дополнително се зголеми интересот за Македонија како атрактивна туристичка дестинација.
На презентацијата беа прикажани и фотографиите и видео записите, направени во текот на мај годинава од страна на тимот на Ридман Продуктион, на кои се претставени туристичките потенцијали и културното наследство на Охрид, Битола, Прилеп, Тиквешијата и Скопје.
Претставниците од Агенцијата за промоција и подршка на туризмот, кои присуствуваа на презентацијата, остварија работна средба со претставниците на Ауринкоматкат и договорија маркетинг стратегија која вклучува и учество на саемот за туризам МАТКА во Финска, со цел привлекување на повеќе туристи од Финска за следната сезона.
На манифестацијата присуствуваше и заменик претседателот на владата на РМ за евроинтеграции Теута Арифи, како и голем број македонски иселеници и претставници на дипломатскиот кор во Финска.