Презентиран проектот „Охридски преданија од иднината”, научнофантастична збирка која преку текст и илустрации детално го предвидуваат градот на светлината во 27-миот век.
Мотивите кои се застапени во киберпанк расказите вклучуваат хуманоидни роботи, бесмртни трансхуманисти, тајни интерпланетарни организации, вонземски цивилизации, а сите дејствија се случуваат на археолошки локалитети во Охрид. Легендите, личностите, градбите и сѐ останато е целосно генерирано со помош на вештачка интелигенција на Суперкомпјутерот во лабораториите на Сефиданис во Охрид.
„Охридски преданија од иднината” има за цел да ја состави дигиталната свест на вештачката интелигенција на познатиот Тјурингов тест, за да одговориме на прашањето, можат ли андроидите да сонуваат за Охрид?, информираат од тимот кој учествуваше во реализација на проектот.
Проектот го реализираше д-р Анис Сефиданис, професор на Факултетот за машинска интелигенција и роботика при Универзитетот за информатички науки и технологии Св. Апостол Павле од Охрид, заедно со својот тим Благој Шикоски, Марјан Јано, Михаил Ангелески, Шабан Брзев и Петар Мишов.
OhridNews












