Евроамбасадорот Дејвид Гир во посета на Планинската спасителна служба во Охрид.

Во рамките на посетата Гир ја проследи демонстрацијата и практичната употреба на опремата за спасување наменетa за потребите на Планинската спасителна служба при Црвен крст Охрид, информираат од ПСС Охрид.

Опремата е набавена со финансиски средства од Европската Унија, во рамки на проектот „Нови можности за безбеден зимски авантуристички туризам“.

Преку проектот се реализира заложбата за воспоставување систем кој ќе овозможи безбедносни услови за сите туристи, љубители на планината и авантуристичкиот туризам, но и за сите жители коишто гравитираат во седум општини Охрид, Ресен, Дебрца, Вевчани и Струга во Македонија и Поградец и Грамш во Албанија.

Проектот e финансиран од Европската Унија, преку ИПА2 Програмата за прекугранична соработка меѓу Северна Македонија и Албанија.

OhridNews