Хотели, угостители, производителите на здрава и еколошка храна, производителите на сувенири, традиционални занаетчии, туристички здруженија, рекреативни и спортски клубови од југозападна Македонија беа дел од туристичкиот саем што вчера попладне се одржа во центарот на Охрид. Претходно односно завчера, истите излагачи ги изложија своите штандови и во Струга.


Саемските  активности во овие две општини, се дел од четиридневната манифестација ,,Излезете надвор, доживејте го нашиот регион’’, која ја организира Туристичкиот кластер на Југозападна Македонија ,,ЕДЕН”, заедно со Центарот за развој на Југозападниот плански регион, Занаетчиската комора на Република Македонија и Локалните самоуправи на општините.

Целта на саемите, кои се одржуваа на отворено, е да се презентираат можностите за активен одмор во југозападниот дел на Македонија, во кои покрај Охрид и Струга, опфатени се и општините Вевчани, Вранештица, Дебар, Дебрца, Другово, Зајас, Осломеј, Кичево, Македонски Брод, Пласница и Центар Жупа.

OhridNews