Одделението за локален економски развој и Канцеларијата за стручна поддршка на развојот на земјоделието при Секторот за туризам и локален економски развој, согласно својата стратегија за интензивирање на локалниот економски развој, вчера во општинската зграда ја одржа првата  едукативна работилница со земјоделските производители, хотелиери, угостители и потрошувачи  за начинот на производство и нејзина примена.

На едукативната работилница предавач беше Горан Калев  од Про- Церт, македонско контролно сертификационо тело, кое работи според законите на Р. Македонија.

Калев на    земјоделските производители, хотелиери, угостители и потрошувачи им го  објасни   начинот за контрола и сертификација на производи и системи според меѓународни, приватни, национални стандарди во примарното земјоделство, преработката, безбедноста на храната, управувањето со загадувањето на животната средина и организациските системи на домашниот и странските пазари.

Инаку, Секторот  ТЛЕР и Канцеларијата за стручна поддршка на развојот на земјоделието  и во иднина ќе продолжат со своите активности на одржување на едукативни работилници од оваа област.

OhridNews