Во организација на Секторот за туризам и локален економски развој при Општина Охрид, а во соработка со Секторот за управување со ИПАРД програмата во Република Македонија, вчера  во Големата сала на Општина Охрид со почеток во 19:00 часот, согласно Годишниот акционен план за комуникација и публицитет за 2013 година се одржа инфо ден со што заинтересираните граѓани, земјоделци и приватни стопанственици и пошироката јавност беа запознаени со можностите кои ги нудат новите измени на ИПАРД Програмата 2007-2013 и начинот на користење на средства од програмата.

Новите измени во ИПАРД Програмата кои се донесени со цел поуспешно искористување на овој европски фонд – четвртта модификација – ги опфаќа следните мерки: Мерка 101 – Инвестиции на земјоделските стопанства за преструктуирање и надградба до стандардите на Европската Унија, Мерка 103 – Инвестиции за преработка и маркетинг на земјоделските производи со нивно преструктуирање и надградба за достигнување на стандардите на Европската Унија и Мерка 302 – Диверзификација и развој на рурални економски активности.

OhridNews