Претставници од еколошките здруженија од Дримколскиот регион вчера во Струга ги презентираа проектите за зачувување на природните вредности на планината Јабланица и нејзино прогласување за национален парк, со што се затвора и вториот повик за мали грантови за Јабланица.

Настанот беше во организација на „Македонско еколошко друштво3 во соработка со „Еуронатур“ од Германија и е дел од програмата за закрепнување на балканскиот рис – компонента „заштита на подрачја“, финансирана од Швајцарската фондација МАВА.

Оваа програма, според претставниците од „Македонско еколошко друштво“, седум години активно се спроведува во Дримколксиот регион, односно општините покриени со планината Јабланица. Првиот повик се оценува како успешен, со надеж дека и овој пат ќе бидат задоволни од ентузијазмот и љубовта што ја вложуваат локалните невладини организации.

Општина Вевчани учетвувала со проект „Зајакнување на капацитетите на општина Вевчани за организирана, систематска и усогласена заштита на природните вредности на планината Јабланица“, еколошкото друштво „Закамен“ од Струга го претставил проектот „Младите во движење, додека фармацевтот Петар Мојсоски ја презентираше својата тема „Планината Јабланица извор на природни ресурси“.

OhridNews