Darren Milne имал блиска средба со милијарда волти струја и преживеал. Несреќата се случила кога со сопругата бил на одмор во Јута.


последици од громот

41годишниот Дарен од Шефилд го удрила молња при разгледувањето на  кањонот Худу Рок  во Јута. Со него била и сопругата Вики која се обидела да му помогне. Крварел од главата и бил во несвест. Додека го довикувала, и рекол:„те слушам, добро сум“.


неверојатна среќа

„Наеднаш почна бура и почна да паѓа град. Грутките град беа толку големи што една земав во рака. Одеднаш осетив удар. Се пробудив на земја и се ми беше матно“ изјавил Дарен.


преживеал милијарда волти-Darren Milne

„Мислев дека Дарен е мртов. Можев да ја почувствувам изгорената кожа. Косата му беше изгорена. Кога ми рече дека ме слуша почнав да плачам од радост“рекла Вики. Дарен со своето брзо опоравување ги изненадил и докторите. Излегол од болница само по неколку недели.

ohridnews