Претстојниот спортски викенд во Охрид, ќе го одбележи интересен настан. Пријателски натпревар ќе одиграат кошаркарските ветерани на Охрид и КК Гене, екипа на ветерани и рекреативци од просторите на поранешна Југославија кои живеат и работат во Германија.

Пријателскиот натпревар помеѓу ветераните од Охрид и Гене ќе се одигра во сабота, 7 март, во салата при ООУ „Григор Прличев Охрид“, со почеток во 13 часот.

Г.М.