Туристички оператори од мал обем, невладини организации, претставници и локални даватели на услуги во авантуристичкиот туризам, претставници од ЈУНП Галичица и тренери/експерти од областа на туризмот беа дел од дводневна работилница во рамките на „Пријатели на НП Галичица”.

Сите присутни имаа можност да се запознаат со вредностите во НП Галичица, нивниот план за управување, стратегиите за едукација и одржлив туризам, законот за туристичка дејност, а вториот ден го посветивме на пополнување на алатката за следење на ефективноста на управувањето со паркот (МЕТТ 4), информираат од УНП Галичица.

Велат од работилницата произлегле многу свежи идеи, но најбитен од се, е фактот дека НП Галичица има одговорни пријатели, кои покрај бенефитите од туризмот и екосистемските услуги, се подготвени да следат светски практики кои важат за заштитените подрачја и развој на одржлив туризам.

Проектот го спроведува Explorer MK во соработка со ЈУНП Галичица, а финансиски е подржан од Prespa Ohrid Nature Trust – PONT и Critical Ecosystem Partnership Fund.

OhridNews