При контрола од СВР Охрид затекнати на забава шест малолетни лица подоцна од дванаесет часот на полноќ. Ќе биде поднесена пријава за организаторот.
На 03-01-2022 година во 00,20 часот, полициски службеници од СВР Охрид извршија контрола во хала на поранешен деловен објект, лоцирана на улицата „Стив Наумов“ во Охрид каде беше организирана новогодишна забава. Притоа, констатирано е дека организаторот овозможил присуство на шест малолетници подоцна од 24 часот, поради што, против правното и одговорното лице ќе биде поднесена соодветна пријава, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
OhridNews












