Од СВР Охрид информираат дека на 23-ти октомври оваа година, во 15 пријавено е дека исчезнало лицето Д. Д. од охридското село Лешани. За исчезнат го пријави неговиот 41-годишен син кој живее во Швајцарија.

Според пријавата, синот на 10-ти октомври од Швајцарија заминал за Турција на годишен одмор, а од пред пет дена немал никаков контакт со неговиот татко.

Се преземаат мерки за расчистување  на настанот.