На 02.03.2022 година од 06 до 10 часот, на подрачјето на Охрид, извршени се засилени сообраќајни контроли во патниот сообраќај информираат од СВР Охрид.
Притоа, на стариот пат Охрид-Струга, кај селото Подмолје, сопрен е автобус сопственост на автотранспортна компанија од Охрид, управуван од 59 годишно лице од Охрид по што, констатирано е дека возачот не поседува документација за вршење превоз на патници во внатрешниот сообраќај, издадена од надлежен државен орган, вели портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Против возачот и правниот субјект, додава Димоски, ќе бидат поднесени соодветни пријави.
OhridNews












