114 пакувања со опојна дрога се пронајдени во атарот на струшкото село Враништа. Според анализите, се работи за опојна дрога Хашиш која е пронајдена при вршење на ископ со работна машина  во близина на Ложанскиот мост по течението на реката Црни Дрим.


На 23-ти овој месец, при изведување градежни работи, багеристот кој вршел ископ, забележал повеќе плетнени бели најлонски вреќи во кои имало паковки обвиткани со селотејп.


По пријавувањето на настанот, Полициски екипи од СВР Охрид и Полициската станица Струга, при увидот, евидентираа 114 пакувања со темно-кафеава прашкаста материја со поединечна тежина од 1 килограм.-соопшти СВР Охрид. Дрогата е подигната од лице место и испратена на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје.

Цената на пронајдената дрога на црниот пазар се проценува на околу 150.000 евра.


   
Од страна на полицијата се преземаат оперативни мерки за целосно расветлување на овој настан по што ке биде поднесена кривична пријава. 

OhridNews