Активностите за украсување на градот за претстојните празници се при крај. На плоштадот “Св. Климент Охридски“, кејот “Македонија“ и чаршијата се поставени светлечки реквизити во  единствена бела боја, а украсувањето е  надополнето и со  стари и репарирани новогодишни реквизити ѕвезди, украсни и светлечки  црева.

Новогодишната елка се очекува да биде поставена во текот на утрешниот работен ден со што би се заокружил процесот на украсување на центарот од градот, информираат од локалната самоуправа.

Во наредните денови ќе се врши украсување и на периферните делови на Охрид, со што ќе привршат активностите.

OhridNews