Привршуваат градежните работи за доградба на централниот објект при Детската градинка „Јасна Ристеска“. Новиот дел од објектот е веќе изграден, останува уште да завршат активностите за внатрешно уредување на просторот. Како што информираат од локалната самоуправа, се очекува новиот дел да започне да функционира на почетокот на месец ноември.


Доградбата се врши со средства издвоени од општинскиот буџет, а со цел  обезбедување на дополнителен простор за згрижување на децата. Со тоа централниот објект на градинката ќе добие три дополнителни занимални и една трпезариска просторија, за чии потреби досега се користеше адаптиран простор.


Подновување е предвидено и на останатите објекти кои функционираат во рамки на градинката, со цел да се обезбедат соодветни услови за работа. Ќе се заменува и старата и дотраена надворешна столарија на објектот „Билјана“, а се планира и уредување на дворното место на овој оваа градинка. Слични зафати се предвидени и во градинките „Росица“ и „Развигорче“, каде ќе бидат санирани и старите санитарни чворови.

OhridNews