Во тек е постапката за расчистување на имотно правните односи на охридските училишта, односно постапката за легализација на нивните дворни места што беше една од причините поради кои досега на овој простор околу објектите не можеше да се вршат било какви градежни зафати.
– Можеби за прв пат во историјата на Охрид ги започнавме процесите на расчистување на имотно правните односи на училиштата што претходно воопшто не беше регулирано. Тоа се прави со средства од локалната самоуправа, за дел од нив веќе се запишани правата во катастар, изјави градоначалникот Никола Бакрачески.
За дел од училиштата постапката е завршена, а кај дел од нив е во завршна фаза.
– Веќе е во завршна фаза регулирањето на имотно правните односи, при што како училиште предначиме во однос на изготвувањето на елаборатите, така да наскоро училиштето ќе си биде на своето, рече директорот на ОУ „ Христо Узунов“, Тони Симоноски.
Од локалната самоуправа потенцираат дека тенденција е оваа постапка што поскоро да биде завршена и правата на сите училишта во општината да бидат евидентирани во катастарот на недвижности.
OhridNews