Изработката на планската документација за индустриската развојна зона кај Мауцкер е во завршна фаза, информираат од локалната самоуправа.

На Секторите за урбанизам и Комунален развој и сообраќај даден им е рок до крајот на годината да ја подготват потребната документација, по што ќе следи и постапка за поделба на индустриската зона на парцели.

– Откако ќе бидат утврдени парцелите ќе се објави постапката за нивно  издавање  со цел да се привлечат што поголем број инвеститори кои ќе можат на тие локации да отворат мали и средни претпријатија во кои би се вработиле голем број охриѓани, изјави градоначалникот Никола Бакрачески.

Бакрачески потенцира дека земјиштето на кое ќе се гради индустриската зона е во сопственост на државата. 

Т.К.