Во населбата „Стара циглана“ во Ресен било констатирано масовно нелегално користење на електрична енергија, односно цела населба на диво приклучени корисници. Оваа населба во која во последно време се повеќе расте бројот на жители, моментално има 25-26 диво приклучени домаќинства, кои воопшто не се регистрирани во дистрибутивниот систем, велат од ЕВН.

-По пријава во МВР, екипите на ЕВН Електродистрибуција заедно со инспектори од МВР излегоа на терен за да се констатира неовластеното превземање на електрична енергија. Истите наидоа на вербален и физички напад од страна на жителите на населбата, по што екипите на ЕВН Електродистрибуција од безбедносни причини беа принудени да го напуштат теренот. За случајот е запознаен и градоначалникот на општина Ресен. – информира ЕВН.

Моментално е исклучена трафостаницата која го снабдува поголемиот дел од населбата со електрична енергија и се уште нема услови за надминување на проблемот, појаснуваат од ЕВН.

OhridNews