Во Струга, на пресекот на улиците „Маркс и Енгелс“ и „ЈНА“, вчера, во 17.50 часот, се случила сообраќајна незгода во која 45-годишно лице управувајќи патничко моторно возило „Мерцедес“ со струшки регистерски ознаки удрило во пешак, 37-годишна стружанка. При тоа, жената се здобила со тешка телесна повреда по што била пренесена во болницата „Св. Еразмо“.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Струга. Се работи на целосно расчистување на случајот.
OhridNews