Осумкратниот освојувач на Куп трофејот Вардар во финалето од 22-то издание ќе атакува на деветтата круна од второто по ранг натпреварување во Македонија. На патот до финалето „црвено црните“ го совладаа Тинекс Пролет, а за искачување на тронот мораат да го победат лутиот ривал Металург.

Репрезентативецот на Македонија се осврна на дуелот и победата над Тинекс Пролет која им го трасираше патот во финалето.
– Им честитам на ракометарите на Тинекс Пролет кои одиграа доста солиден натпревар против нас. Многу е важно што победивме 11 погодоци разлика за дополнително подигнување на атмосферата во тимот – заврши средниот бек на Вардар.
Фото : Емилио
Мх.П.










