Македонската ракометна репрезентација во втората фаза од Европското првенство ќе биде засилена со Немања Прибак на бековската позиција.

Поминаа три години откако тој последен пат настапи за српската репрезентација и ќе му биде на распологање на селекторот Ивица Обрван за дуелот со Унгарија во првата рунда од ТОП фазата.

– Мислам дека со Унгарија и со Исланд имаме реални шанси за позитивен резултат. Тоа се противници со кои можеме да играме. Шпанија е реално најквалитетна репрезентација од престојните противници, и заедно со Хрватска, Данска и Франција се главни фаворити за титулата на овој шампионат. Ние имаме два бода, Исланд и Унгарија по еден, додека Австрија е без освоен бод, што значи дека сме во предност во однос на нашите ривали за третото место во групата. Ако се пласираме на тоа трето место, би играле за петата позиција на ова ЕП, што би преставувало неверојатен успех, односно повторување на постигнувањето од пред две години во Србија. Да одиграме со 100% од нашите можности, и да направиме некое големо изненадување, можно е да стигнеме и подалеку, но мора да верувме едни во други, и се разбира да не прати среќа – рече Прибак за официјалната клупска страница на Вардар.

Натурализираниот ракометар настапи за Македонија во подготвителниот период и треба да биде големо засилување во нападот на македонската селекција.

Мх.П.