Реванш натпреварот помеѓу Дукла Прага и Охрид од 1/8 финалето од ЕХФ Европскиот Куп се игра во сабота, 21 февруари, во Чешка.

По победата над Дукла Прага овој викенд не очекува реваншот. Некои работи беа добри, некои помалку добри и оваа недела се трудиме да ги исправиме нашите грешки и сигурен сум дека ќе излеземе подготвени во сабота. Патуваме со добра предност, но не смееме во ниту еден момент да се опуштиме бидејќи Дукла е добра екипа која тоа ќе го казни. Верувам во момците дека ќе го покажеме вистинското лице и среќни ќе се вратиме во Охрид, изјави ракометарот на ГРК Охрид, Џанфранко Прибетиќ.

Ракометарите на Охрид забележаа висока победа од 30:21 над Дукла Прага во првиот натпревар што се одигра во салата „Билјанини извори“.

Ревашот се игра со почеток во 18 часот.

OhridNews