
Наградените ученици ќе ги прими градоначалникот, Александар Петрески, кој ќе им пренесе честитките од име на општината.
На неодамна одржаниот Државен натпревар, талентираните ученици од основното музичко училиште од Охрид освоија 14 признанија, а триумфално се вратија и од неколкуте меѓународни натпревари на кои настапија исто така неодамна.












