Прифатен договорот меѓу обвинителството и Цеца Ражњатовиќ
09.05.11 15:54
Високиот суд во Белград денеска го прифати договорот меѓу фолк пејачката Светлана Цеца Ражњатовиќ и обвинителството за таа да ја признае вината за илегалното присвојување пари од продажбата на 10 фудбалери ФК „Обилиќ“ и поседување 11 пиштоли без дозвола.
Со оваа спогодба таа ќе мине една година во домашен притвор и треба да плати милион ипол евра парична казна.Нејзината сестра Лидија Величковиќ, според истата спогодба, ќе мине шест месеци во домашен притвор поради помагање.
Прифатен договорот меѓу обвинителството и Цеца Ражњатовиќ
Фолк пејачката и нејзината сестра на судот се појавија седум минути пред закажаниот термин, во придружба на обезбедувањето на Цеца.
Прифаќањето на спогодбата траело 15 минути и по завршувањето на рочиштето Светлана Ражњатовиќ го напуштила судот избегнувајќи ги прашањата на новинарите.
Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека од 15 ноември до 15 март, согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата возилата кои учествуваат во јавен со...
Изградбата на автопатот Охрид – Кичево се одвива со одлична динамика, а за прв пат во Македонија и во целиот регион се применува најновата европска директива за безбедност во сообраќајот, особено в...
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец Oблачно со повремени врнежи од дожд Максималната темпера...