Генералното собрание на ФФМ на денешната редовна седница одржана во х. Инекс Горица во Охрид ги прифати измените и дополнувањата на Статутот направени на согласност со препораките на ФИФА и УЕФА.


Собранието не го прифати предлогот за проширување на Првата МФЛ. На местото на досегашните членови на Управниот одбор, Илија Китановски и Зоранчо Алексов кои поднесоа неотповиклива оставка, Собранието ги кооптира Благој Истатов и Љубомир Ѓурчевски.
УО ги усвои завршната сметка за 2009/10 година и финансовиот план/буџет за 2011г. како и Извештајот на независниот ревизор . Исто така прифатени се предлог измените во Дисциплинскиот правилник и Правилниците за судии и судење како и Правилникот за регистрација на клубови и фудбалери на ФФМ.


На местото на Симоен Симовски за нов член на Надзорниот одбор е избран Бранко Талевски. Нов член на Комисијата за молби и жалби е Фатмир Даути кој доаѓа на местото на Сефедин Тафо.

На местото на Алексо Трајков во истата комисија за заменик член е назначен Дојчинов Ташко. Независната ревизија во ФФМ ќе ја врши агенцијата КПМГ.

Собранието донесе одлука ФФМ да се пререгистрира во согласност со Законот за здруженија и фондации во РМ.

Собраниската седница ја следеше специјалниот пратеник на ФИФА и УЕФА, г-динот Руди Заврл и претставникот на Агенцијата за Млади и Спорт, Томче Филиповски.

“извор ФФМ“
фото Емилио
Ohridnews